Да се смириш Ти, езеро мое Гасне ноќта Мугрин е час Чекаат чуној, тополи, девојки Покрај брегот те чекам јас Да се смириш Ти, езеро мое Тешки бури имаше ти Саноќ ветрот, сал те брануваше И ко дете, знам, плачеше ти Но, еве песната и сонцето В бакнеж пак се слиле И влечат по тебе свој траг Ти нам ни припаѓаш И постоиш само да ни шепнеш Ти од деца само нѐ лулееш Во преграт драг Да се смириш Ти, езеро мое И да блесне сината шир Ти ми требаш за да ме утешиш Покрај тебе да најдам свој мир ♪ Но, еве песната и сонцето В бакнеж пак се слиле И влечат по тебе свој траг Ти нам ни припаѓаш И постоиш само да ни шепнеш Ти од деца само нѐ лулееш Во преграт драг Да се смириш Ти, езеро мое И да блесне сината шир Ти ми требаш за да ме утешиш Покрај тебе да најдам свој мир Покрај тебе да најдам свој мир