Врвам си јас през демира кон светлината Cо својот глас си ја барам душичката Да шепнам ќе ме чуе водицата. Вивнав се јас во небеса вишно високо со својот глас полетав над море широко Да викнам ќе ме чујат ветровите. Изгорев јас торжествено од светлината со својот глас силно биев низ темнината Да пејам ќе ме чуе оган-пламенот. Ме слушнаја и душата ми ја вратија Во својот глас за возврат ме заколнаја Ако замолчам сал ќе ме чуе земјичката