Пробав да им објаснам,
зошто сум тука залутан,
им реков тука сум јас со причина
сакав да им покажам,
на светот да му докажам,
дека земјата се врти и е округла
не ми веруваа премногу,
мислеа јас сум забеган,
моите зборови ги исмејуваа
ме врзаа со јаже,
околу врат, и на плоштад,
се собраа да ме обесат
Јас си седев така мирен,
и го чекав џелатот,
да ја одреди мојата судбина
луѓето ме гледаа,
и злобно и се смееа,
на мојата бесмислица
Пробав да им објаснам,
дека сум пророк небесен,
и дека сум тука да ги просветлам
сите грешни синови,
во пекол не-заминати,
нивните души од гомна да ги извадам
не ми веруваа премногу,
мислеа јас сум забеган,
моите зборови ги исмејуваа
па ме ставија на крст,
полека ме убиваа,
и не успеав да им помогнам
потоа изградија храмови,
и многу споменици,
почнаа моето име да го слават
храмовите станаа банкомати,
и се наполнија со пари,
од мојата милостина
Пробувам да им објаснам
дека е 21ви век,
и еволуција на ум започнува
светот не оди во прогрес,
туку оди наназад
И СЕ "У ПИЧКУ МАТЕР И У КУРАЦ"
Тестови врз животни,
веронаука во школите,
и нафтена војна во Ирак
правење пари на туѓ грб,
убивања без причина,
враќање кон примитивизам
Страв и мразење насекаде,
општествени предизвици
ова е свет без морални вредности
и пред да дојде мојот крај,
и отидам јас во "раj",
барем знам, сум се потрудил
да допрам до твојот ум
Поcмотреть все песни артиста