Твојот лик јас го сонам Како икона Нежна Блиска, далечна Моја прва платонска Љубов чиста како солза Сега кога пораснав Сфатив што си ти Дојдов пак, тајно моја Ѕвезда праќам, да те повика Ништо не е сменето Шушка молика Темно е, тајно моја А во душа светат фенери Се што имав заложив Да ти пеам, под пенџери ♪ Дали си уште сама Дали тагуваш Дали исто чувствуваш Морав да ги дофатам Сите висини на светот За да сепак откријам Што ми значиш ти Дојдов пак, тајно моја Ѕвезда праќам,да те повика Ништо не е сменето Шушка молика Темно е, тајно моја А во душа светат фенери Се што имав заложив Да ти пеам под пенџери ♪ Да ти пеам под пенџери